Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.018.082 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 53.251, а оздравеле 213.218 луѓе.

– Принцот Чарлс ќе отвори болница во Најтингел, која ќе може да прими до 4.000 пациенти кои се заразени со новиот коронавирус, објавија британските медиуми.

– Само во една црква во САД се заразиле со коронавирус 71 лице. Станува збор за округот Сакраменто, во Калифорнија, едно од најголемите жаришта на заразата вои САД.

– Германците предупредуваат дека училишната настава од далечина, која е воведена поради ширењето на Ковид-19, не е добра на долгорочен план. Тие наведуваат дека тоа не е стандарден модел, кој го применува школството, и се повикуваат на истражувања, според кои таквиот вид на настава овозможува само една четвртина од усвоеното знаење.

– Шпанскиот град Захара де ла Сиера е изолиран од светот и нема ниту еден случај на заразен со коронавирус.

– Во Кина потврден 31 нов случај на зараза со коронавирус и четири смртни случаи. Сега вкупниот број изнесува 81.620 заразени, 3.322 починати, а 76.571 се излекувани и пуштени од болница.

– Јапонците бараат прогласување вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, а премиерот Шинѕо Абе одбива да го направи тоа.

– Кинескиот град Вухан им испрати официјално предупредување на граѓаните да не излегуваат од домовите доколку немаат потреба.

– Во Киргистан прв смртен случај од новиот коронавирус. Во земјата досега се потврдени 130 заразени лица.

– Две нови жртви на коронавирусот за само еден ден во Бугарија, со што нивниот број достигна 12. Во земјата има 477 заразени случаи.

– Со наредба на црногорското Министерство за здравство ублажени се мерките за ограничено движење, односно на граѓаните им е овозможено и движење за време на викенд до 13 часот, со стриктно придржување кон сите останати мерки.

– Гугл објави извештаи од 131 држава околу тоа дали се намалиле посетите на продавници, паркови и други места за собирање минатиот месец, откако многу влади наложија да се остане дома со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Кина ги советува странските дипломати да не доаѓаат во Пекинг. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека има заразени со Ковид-19 меѓу странските дипломати и ги советува да не доаѓаат во кинескиот главен град додека трае здравствената криза.

Треба да знаете
Последни објави