Search

Состанок на министрите за земјоделство oд Југоисточна Европа во Струга

Министерството за земјоделство и постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во Југоисточна Европа ќе бидат домаќини на дванаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа. Дванаесеттиот годишен работен состанок ќе се одржи на 15-ти ноември во Струга.

Министрите и шефовите на делегациите ќе се соберат за да разговараат за иднината во секторите за земјоделство и рурален развој во регионот на ЈИЕ и да го елаборираат процесот на регионална соработка во тие области. Во рамките на министерскиот состанокот ќе се разговара и за значењето на процесот на интеграција во Европската унија (ЕУ) на земјите/териториите од Западен Балкан како фактор на напредокот во земјоделството и руралниот развој.

Треба да знаете
Последни објави