Search

Состанок на ЕС во следните недели во живо, најавува европски дипломат

Лидерите на Европската унија би можеле да се сретнат во живо во наредните недели за да разговараат за заедничкиот буџет и фондот за закрепнување од пандемијата на коронавирусот и олеснување на ограничувањата низ ЕУ, велат дипломати и официјални претставници.

Од воведувањето строги ограничувања на пандемијата на коронавирусот во март, состанок на Европскиот совет не е одржан во живо.

Преговорите за заеднички буџет на ЕУ обично се многу тешки, така што, само малкумина веруваа дека е можно да се постигне договор преку платформата за конференциски повици на Вебекс (Webex).

„Буџетот и фондот за опоравување не можат да бидат договорени без физички состанок. Јас се уште не сретнав некој кој тврди дека тоа може да се постигне преку видео конференција”, рече висок дипломат на ЕУ.

Поради технички пречки, проблеми со преводот и деперсонализираната природа на видео повиците, на европските лидери им е тешко да реплицираат во атмосфера од често долгите самити во Брисел.

Европската комисија в среда ќе претстави нацрт Повеќегодишна финансиска рамка, вредна околу милијарда евра, како и придружен фонд за опоравување на коронавирусот.

Земјите-членки ќе се борат да добијат што поголема корист за себе, откако беше откриен француско-германскиот план, кој предвидува создавање фонд за обнова од 500 милијарди евра.

„Штедливите” членки – Австрија, Шведска, Данска и Холандија се спротивставуваат на француско-германскиот план и бараат помош за погодени членки во форма на поволни заеми, наместо за бесповратни средства.

Посиромашните источни членки на ЕУ предупредуваат дека средствата наменети за развој на посиромашните членки не смеат да бидат загрозени, заради планираната помош за земјите кои се најпогодени од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави