Search

Соседска тепачка во Кисела Вода за време на полициски час

На 24.05.2020 год во 21.45 часот женско лице пријавило дека на ул. „,Христо Татарчев“ во Кисела Вода  соседи го нарушиле јавниот ред и мир за време на полициски час. Соседите имале физичка пресметка соопшти МВР.
– Околу 21.30 часот лицето А.Б. (26) од Скопје со живеалиште на наведената
адреса физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред
неговата куќа кршеле стаклени шишиња. Во обид да ги спречи во нарушувањето на јавниот ред и мир А.Б. најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б., по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б. (49) и неговата сопруга В.Б. (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат исто така физички биле нападнати од лицата. Се работи на целосно
расчистување на случајот, информира МВР.

Треба да знаете
Последни објави