Search

Сорос повторно го обвини „Фејсбук“ дека помага за реизбор на Трамп

Милијардерот Џорџ Сорос уште еднаш повика на деплатформирање на раководството на „Фејсбук“, обвинувајќи ги за дослух со американскиот претседател Доналд Трамп откако извршниот директор, Марк Цукерберг, побара поголема владина регулатива, пренесува РТ.

„Без сомнение ја поддржувам владината регулатива на платформите за социјални медиуми“, вели Сорос во писмото до „Фајненшл тајмс“ објавено во вторникот, но додаде дека на Цукерберг не му е потребна владина регулатива за да престане да го прифаќа целокупното политичко рекламирање сè до изборите во САД во ноември 2020 година.

„Фејсбук“ најверојатно нема да го стори тоа, напиша Сорос, обвинувајќи го Цукерберг дека е во некаков договор за меѓусебна помош со Доналд Трамп, со што ќе му помогне да биде реизбран, и го повтори барањето за негово отстранување заедно со Шерил Сандберг од контролата врз „Фејсбук“.

Лутата тирада на Сорос е одговор на уредничкиот коментар на Закерберг, објавен претходниот ден во кој побара некаков вид владина регулатива што ќе воспостави јасни граници за прашања што допираат до фундаменталните демократски вредности, како што се изборите и штетната содржина, меѓу другото.

„Верувам дека појасните правила ќе бидат подобри за сите“, напиша Цукерберг, очигледно иритиран од напливот жалби од партии и поединци кои го обвинуваат „Фејсбук“ за губење на изборите и референдумите на кои верувале дека ќе победат – претседателската трка во САД во 2016 година и Брегзит се само два од нив.

Еден од најистакнатите критичари на „Фејсбук“ е Сорос, кој прв го обвини Цукерберг за дослух со Трамп на Светскиот економски форум во Давос минатиот месец. Потоа, на крајот на јануари, се појави со коментар во „Њујорк тајмс“, барајќи излез на Цукерберг и Сандберг на еден или на друг начин.

Треба да знаете
Последни објави