Search

Сорос и донира еден милион евра на Будимпешта за борба против коронавирусот

Милијардерот Џорџ Сорос денеска изјави дека неговата фондација „Отворено општество“ ќе донира еден милион евра на Будимпешта за борба против коронавирусот.

„Пандемијата на Ковид-19 не познава граници меѓу земјите, заедниците, религиите или луѓето“ порача 89-годишниот Сорос. Тој додаде дека секој може да биде заразен, но дека некои се поранливи од другите.

„Роден сум во Будимпешта, во сред Големата депресија, едвај десет години откако Шпанската треска остави зад себе илјадници мртви во тој град. Ја преживеав Втората светска војна, владеењето на унгарските фашисти од 1944 до 1945 година. Се сеќавам што значи да живееш во екстремни услови“ рекол Сорос.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, како либерален дисидент стипендист на фондацијата на Сорос кон крајот на 80-те години, „војува“ со милијардерот Сорос, кого го обвинува за поткопување на нации-држави, традиционални вредности и финансирање на масовна миграција во Европа.

Треба да знаете
Последни објави