Search

Сорос во Давос: Кина е најопасен непријател

Џорџ Сорос го окарактеризира кинескиот претседател Ши Жинпинг како „најопасниот непријател“ на отворените општества и препорача да се преземат мерки против кинеските технолошки компании.

Тој исто така додаде дека вештачката интелигенција и машинското учење претставуваат опасност кога се контролирани од авторитарни држави. Тој ја посочи употребата на таквите технологии од страна на кинеската влада како „смртна опасност“.

Сорос предупреди и дека кинеската влада развива систем на „социјален кредит“ преку кој ќе се мониторираат граѓаните во земјата и ги повика САД да се спротивстават на таквата закана.

„Наместо да водат војна со целиот свет, САД треба да се фокусираат на Кина“, изјави тој.

Сорос рече и дека САД треба да извршат поголем притисок врз кинеските технолошки компании „Хуавеи“ и „ЗТЕ“, кои беа окарактеризирани како опасност по националната безбедност на САД.

Двете компании, кои произведуваат опрема и паметни телефони, негираат дека нивните прозиводи претставуваат опасност по безбедноста.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Сорос за извртување на фактите

 

Треба да знаете
Последни објави