Search

Сореца: ЕУ ќе и помогне на Албанија во обновата

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, на прес конференција зборуваше за состојбата по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 минатиот месец.

„Вашата болка е исто така наша болка”, рече Сореца, додавајќи дека треба да се направи проценка за предизвиканата штета.

-ЕУ ќе и помогне на Албанија во обновата. Солидарноста ја покажаа нашите европски пријатели. Албанците се силен народ, ние ќе останеме со вас. Има илјадници луѓе кои не се во можност да се вратат во нивните домови. ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија помош затоа што Албанија не само што е географски блиска, туку е и блиску до нашите срца, изјави Сореца.

Посочи дека во Албанија пристигнале многу експерти од Франција, Италија, Германија, Хрватска, Холандија и други земји.

-Вчера го посетив Драч, особено училиштата и општата инфраструктура, сите проблеми ќе бидат решени, ние работиме со локалните власти за да го направиме најдоброто. Им благодариме на сите што помогнаа во оваа тешка ситуација. Процесот започнува во четврток од канцеларијата на ЕУ, така што е потребна проценка на штетите, нагласи евроамбасадорот.

Додаде дека солидарноста е во срцето на ЕУ, и нагласи дека ЕУ стои покрај Албанија, и оти го потврдила пријателството со албанскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави