Search

Сопственици на кафулиња бараат смена на гувернерот на Тексас

Група сопственици на кафулиња во Тексас покренаа судска постапка и барање за смена на гувернерот Грег Абот, поради неговата наредба да се затворат деловните објекти  кои „придонесуваат за ширење на коронавирусот”.

Абот минатиот месец изјави дека кафулињата и баровите се извор на инфекцијата и драматично зголемување на бројот на луѓе кои се заразени со Ковид-19.

Во тужбата се наведува дека Абот нема овластување загарантирано со Уставот на Тексас да издава вакви наредби и дека тој побарал да бидат затворени кафулињата, но не и некои други деловни објекти како што се фризерски салони, салони за убавина и за тетоважи.

Абот побара да бидат затворени сите објекти кои заработуваат најмалку 51 процент од продажбата на алкохол, како и намалување на капацитетите на рестораните од 75 на 50 проценти.

Треба да знаете
Последни објави