Search

Сопружници фатени во шверц на златници и накит, скриен во чорап

Мобилните царински тимови заплениле 56 златници и 5 парчиња златен накит, со вкупна маса од 429 грама, откриени при контрола на македонски автомобил со кој за излез од државата на граничниот премин Блаце се пријавиле двајца сопружници, македонски државјани.

Непријавените златници и златниот накит биле откриени во еден сошиен чорап, сместен во несесер, и во алуминиумска фолија, сместена во паричник, пронајдени во чантата на сопатничката. Истите се привремено задржани, а случајот е предаден на Одделението за истраги при Царинската управа, за понатамошно постапување.

 

Треба да знаете
Последни објави