Search

Сопругот на Јанкулоска: Со вака „темелни“ обвиненија и пресуди, утре секој може да биде осуден

Врховниот суд на Република Македонија ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје и ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска.

Јанкуловска првично беше осудена на шест години затворска казна, а потоа Апелација и ја намали на четири години.

Нејзиниот сопруг Влатко Илиевски за „Фокус“ кажа дека новинарите не заслужуваат изјава за целата ситуација, бидејќи цели десет години учествувале во медиумскиот линч врз Гордана.

-Искрено да ви кажам, дека не заслужувате генерално како новинари било какви коментари, затоа што за сите изминати години некритички го покривате работењето на правосудните власти. Со умисла или небрежност учествувавте во медиумскиот линч кон Гордана кој трае без прекин десет години, и со тоа сте помагатели на злосторничкото здружение кое ги нарача и изврши пресудите.

Дури и ова прашање што ми го поставувате е со цел да се поттикнат судири и меѓусебни обвинувања помеѓу осудените, наместо да се запрашате дали постои кривично дело, дали за некој е застарено делото и која е позадината на целиот прогон. Многу сте површни – порача сопругот на Јанкулоска.

Околу тоа дали таа евентуално ќе излезе во јавност и ќе појасни која е позадината, на како што вели Илиевски, прогонот врз неа, тој е категоричен.

-Немам што да додадам! Треба само да знаете дека со вака темелни обвиненија и пресуди утре секој може да биде осуден. Тргнете од себе, ако не повеќе – изјави Илиевски за ,,Фокус”.

Треба да знаете
Последни објави