Search

Сопругот на кралицата Елизабета доживеал сообраќајка возејќи „ренџ ровер“

Принцот Филип, 97-годишниот сопруг на британската кралица, Елизабета Втора, доживеал сообраќајна несреќа во источна Англија, соопшти Бакингемската палата.

Се наведува дека војводата од Единбург не е повреден во несреќата.

„Војводата учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило. Тој не е повреден“, пишува во соопштението.

Британска телевизија извести дека принцот Филип возел „ренџ-ровер“, а другото возило се превртело при сударот.

Очевидец за британскиот јавин сервис кажал дека војводата по несреќата бил многу вознемирен.

Треба да знаете
Последни објави