Search

Сопругите на Јанакиески и Ристески се сериозно загрижени за нивната безбедност по нападот во затворот Шутка

Двајцата поранешни министри, осомничени за случајот крвав четврток , попладнево беа нападнати во дворот на затворот за време на прошетка. Миле Јанакиески со повреди на главата и раката е префрлен во воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали имаат посериозни повреди.

Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телма тврдат дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

Според она што го слушнале од нивни информации, Сања Јанакиеска и Маја Ристеска објаснуваат дека припадници на групата од Диво Насеље кои се во Шутка првин го нападнале Јанакиески, а Спире Ристески се обидел да му помогне, но и тој бил нападнат.

Треба да знаете
Последни објави