Search

Сопругите на играчите од Наполи го напуштаат Неапол од безбедносни причини

Во редоивте на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи владее хаос. Ги нема поскауваните резултати, играчите не ги поитуваат одлуките на првиот човек Аурелио де Лаурентис да претстојуваат во карантин, се изрекуваат парични казни… а сето тоа ги пали навивачите кои својот бес почнуваат да го искажуваат кон играчите, па и нивните членови на семејставата. Како што пренесува италијанската „Газаета“ сопругите на неколку играчи на Наполи  го напуштиле  Неапол од безбедносни причини.

Заминувањето од градот под Везув го направиле за да спасат жива глава, пред се поради „навивачкио терор“ кој деновиве владее Неапол. Меѓу првите тоа го сториле сопргите на Зјелински, Инсиње и Алан. Навивачки групи дивеат по градот. Секој играч на Наполи е малтретиран од навивачите. Затоа играчи побарале телохранители, да ги чуваат 24 часа на ден.

Во Неапол летово пристигна и македонскиот талент Елиф Елмас, која деновиве не е во градот поради обврските кон репрезентацијата поради квалификациските мечеви за ЕП-2020, па до завршувањето на овие обврски се очекува бесот кај навивачите да помине.

 

Треба да знаете
Последни објави