Search

Сопругата на Шон Пен поднесе барање за развод

Сопругата на Шон Пен, Лејла Џорџ, поднесе барање за развод, пренесуваат американски таблоиди.

61-годишниот актер се венчаше со 28-годишната Лејла на 30 јули минатата година, а нешто повеќе од една година од нивниот брак, Лејла сега поднесе документи за легален прекин на нивната врска.

Според „ТМЗ“, австралиската актерка – која е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио – поднела документи за развод до Високиот суд на Лос Анџелес во петокот на 15 октомври.

Истиот извор наведува дека не е позната причината за ваквата одлука на Лејла.

Веста доаѓа откако таблоидите неодамна пишуваа дека и двајцата морале да работат напорно на поправање на нивната врска.

Ова ќе биде трет развод за Шон … тој претходно беше во брак со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година, а неговиот прв брак со Мадона траеше од 1985 до 1989 година.

Треба да знаете
Последни објави