Search

Сопругата на поранешниот шеф на Интерпол побара азил во Франција

Сопругата на Менг Хонгвеи  шеф на Интерпол кој е во затвор во Кина од лани, побара азил во Франција за себе и своите две деца.

Грејс Менг и седумгодишните близнаци живеат во Лион каде е седиштето на меѓународната полцисика агенција. Тие се под полициска заштита бидејќи примале закани.

– Примив чудни телефонски повици. Автомобилот ми е оштетен. Двајца Кинези маж и жена ме следеа до хотелот, изјави Менг за француско радио.

Менг (64) исчезна во септември минатата година за време на посета на Кина. Интерпол на 7 октомври објави дека тој поднел оставка на функцијата шеф на Интерпол и еден ден подоцна Министерството за јавна безбедност објави дека е под истрага за примање мито. Менг беше избран за шеф на Интерпол во крајот на 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави