Search

Сопругата на полицаецот кој го задави Флојд побара развод

Кели Човин (45) е сопруга на поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Чавин (44), кој е обвинет за убиство на Џорџ Флојд (46) за време на насилното апсење. Кели, шокирана од делото на нејзиниот сопруг, поднела барање за развод.

Три дена по убиството, Кели го напуштила сопругот, кого го запознала додека работела како радиолог во болница. Тие се венчале во 2010 година, а за неколку дена требало да прослават 10-годишнина од бракот. Претходно Кели била во брак со Кујаи Ксионг, со кого има два возрасни сина.

Кели живеела три години во бегалски камп, а во Америка пристигнала како дете, каде што научила да зборува англиски. Имињата на нејзините родители не се познати.

Пред две години, таа учествувала во Изборот за госпоѓа на Минесота, каде што се натпреваруваат постари кандидатки и победила. Набргу потоа, таа отишла во Лас Вегас за да учествува на Изборот за дама на Соединетите Држави, но не победила.

Била мис и имала диплома од радиологија, а во болницата во Минеаполис работела 13 години. Нејзината последна работа била во агенција за недвижнини, додека во моментот е невработена.

Иако не работи никаде, Кели изјави дека се откажува од своето право на привремена или трајна алиментација од нејзиниот сопруг. Кели не сака да дава изјави за медиумите во моментот.

Чавин го притискал вратот на Флојд со коленото точно осум минути и 46 секунди. Од моментот кога Флојд престанал да реагира,тој го притискал уште две минути и 53 секунди. Дерек е обвинет за убиство од трет степен и за убиство без умисла, а во Минесота за тоа е предвидена казна до 25 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави