Search

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка во Охрид

Сопатничка била тешко повредена во сообраќајка што изминатата ноќ се случила во Охрид.

Според полицијата, сообраќајката се случила на полноќ, на крстосница од улиците Железничка и Кленоец во Охрид. Камион „сканија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ј.(57) од Битола и автомобил „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(32) од Охрид.

Од ударот со тешки повреди се здобила А.И.(30) од Охрид, сопатничка во возилото „фиат пунто“.

Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во болницата во Охрид каде и била укажана лекарска помош, по што била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави