Search

Соопштен составот на новата француска Влада

По консултациите во текот на минатиот викенд, генералниот секретар на Елисејската палата Алексис Колер го соопшти новиот состав на француската Влада, што ќе биде предводена од премиерот Жан Кастекс, во која има по осум мажи и жени, јави дописникот на МИА.

Жан Ив ле Дриан останува шеф на француската дипломатија, поточно министер за Европа и надворешни работи, но досегашната државна секретарка за европски прашања Амели де Монташалан повеќе не е на оваа функција, таа станува министер за јавната администрација.

Министерството за еколошка транзиција е Барбара Попили, министер за национално образование Жан-Мишел Бланке, за економија и финансии и релансирање на економијата Бруно Ле Мер, министер за вооружени сили е Флоранс Парли, министер за внатрешни работи е назначен Жерал Дарманиан, министер за труд, вработување и интеграција Елизабет Борн, министер за прекуокеанските територии Себастиан Лекорну.

Изненадување е доаѓањето на адвокатот Ерик Дупон-Морети за министер за правда . Министерството за здравство останува кај Оливие Веран, додека културата и информациите е во надлежност Розелин Башло, поранешен министер за здравство на Жак Ширак. Министер за земјоделство и храна Жулиан Денорманди. Министер за море е Аник Жирардан за кохезија на териториите Жаклин Гуро и министер за еднаквост меѓу жените и мажите и за разноликост и еднаквост на шансите Елизабет Морено.

Новиот премиер својата општа програма ќе ја соопшти пред парламентот на 15 јули, односно еден ден по интервјуто на претседателот Емануел Макрон за националниот празник на Франција 14 јули.

Треба да знаете
Последни објави