Search

„Тврдокорни“: Излезноста на утрешниот протест ќе покаже кои се вистински Македонци

Во овие навидум обични денови се одигруваат настани штто ќе одекнуваат не само нанапред во иднината туку и наназад во вековите од македонското минато, велат во соопштение од патриотското здружение „Тврдокорни“.

Од таму, како што велат, ги повикуваат сите Македонци масовно да излезат на протестот закажан за среда напладне (9 јануари.)

„Секој достоинствен Македонец без да се убедува треба да знае дека е должен со присуство на протестот во свое име и во име на честа на своето семејство да ја покаже несогласноста со чинот на најголемо национално предавство“.

Од „Тврдокорни“ велат дека токму овие настани определуваат кои ќе бидат идните Македонци предводници.

„Ќе се види кои семејства ќе ја зачуваат честа на името, а кои ќе треба да се превоспитаат и ќе мораат да бидат послушни и подредени на достоинствените“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави