Search

Соопштение на Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина

Ја поздравуваме Одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со COVID -19 . Ваквата Одлука Министерството ја донесе согласно одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на работа на Министерството и здравствените установи во вонредни околности . Конкретно е применет и Член 213 од Законот, спрема кој работата на ЗУ од областа на стоматологијата се приспособува за работа во вонредни околности и тоа во организација и координација со Здравствените домови на територијата на Државата.

Сосема е извесно дека во доста здравствени домови постојниот број на тимови кои пружаат итна стоматолошка заштита во нормални услови нема да можат да ја извршуваат работата во ново настанатата состојба и потребата од ангажирање и на тимови од ПЗУ ќе биде неминовна. Согласно Законот, во услови на вонредна состојба министерството може да ги ангажира сите постојни кадровски потенцијали таму каде што е најпотребно.

Затоа , почитувани колеги да бидеме спремни да помогнеме на Здравствените домови со својот кадар , па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од Министерот . Впрочем за вакви мерки и вакво приспособување на работата на стоматолошката служба, ЗПЗСУ ПДДМ се залагаше и јавно предлагаше уште пред десетина дена .

Секако дека примарна задача и цел на сите нас како здравствени работници е професионално да ја извршуваме својата работа и да им помогнеме на пациентите да не страдаат од акутно појавените болни состојби , максимално да се заштитеме од ризикот на заразата со вирусот , но и да спречиме ширење на вирусот преку нашата работа . Истовремено треба да бидеме спремни ако епидемијата добие неочекувано поголеми димензии , согласно Член 285 од ЗЗЗ , некои од нас да бидат распоредени и на други задачи при справување со епидемијата , односно задачи кои не се поврзани со нашата редовна дејност .

Епидемијата ќе помине, сите ние се бориме да се плати најмалата цена со човечки загуби , тешко е да се прогнозира точно таа цена , ама цената која ќе ја плати цело општество на економски и социјален план со сигурност ќе биде висока . Во услови кога сите дејности ги најавуваат своите загуби и бараат помош преку мерките кои ги превзема Владата , мораме и ние да ги истакнеме финансиските импликации врз ПЗУ поради кризата со корона вирусот .

Прво , поголемиот број на ПЗУ во мрежата имаат мал број на пациенти и приходите по основ на капитација не овозможуваат исплата ни на минимална плата за вработените , а да не збориме и за фиксните месечни расходи . Во услови кога ординациите не работат , овие ПЗУ не се во состојба да остварат никакви дополнителни приходи , кои во нормални услови донекаде ја ублажуваат матерјалната состојба.

Поради тоа уште еднаш го актуелизираме предлогот на Здружението доставен до ФЗО , за месеците на криза на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува иста сума по тим на солидарен принцип , се разбира освен на оние кои ќе бидат ангажирани со активна работа во приспособени услови во вонредни околности.

Второ , да не ги заборавиме ПЗУ од областа на стоматологијата кои работат надвор од мрежата .

Тие ќе бидат и најтешко погодени од кризата во матерјална смисла , бидејќи нивниот извор за економски опстанок се само средствата наплатени од пациентите за извршени услуги. Во овие услови услуги не можат и не треба да прават , а треба да преживеат . За нив мора да бараме помош преку општите мерки на Владата за ублажување на финансијските штети од епидемијата кај други дејности . Најблиско за споредување се штетите во туризмот и угостителството . Не располагаме со точни податоци колку ПЗУ и со колку тимови работат надвор од мрежата. Ваков податок баравме од Министерството, ама за жал не го добивме . Затоа ги молиме сите колеги основачи на ПЗУ кои работат надвор од мрежата , да се пријават на Мејлот на Здружението или на Фејзбух страната на здружението . Сакам да ги слушнеме и нивните предлози.

Истото важи и за ПЗУ заботехнички лаборатории , кои ќе доживеат финансијски колапс, бидејќи и тие опстојуваат исклучиво со своите услуги . И за нив сме должни да бараме какво такво санирање на состојбата , па затоа ги молам да се пријават на иста адреса .

Трето , уште еднаш упатувам апел до ФЗО да го замрзне процесот на промена на матичен стоматолог за време на вонредната состојба и кризните месеци .

Четврто , уште еднаш упатувам апел до раководството на Стоматолошката комора да не молчи по предлогот на Здружението за ставање на мораториум на КСУ за 2020 год. и сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови , потребни за обновување на лиценцата за работа .

Почитувани колешки и колеги , не се сомневам дека сите ќе бидеме на висина на задачата во ова тешка состојба за земјата и големите напори кои треба да ги издржи здравствениот систем . Чувајте го своето здравје , само така ќе го чувате и здравјето на пациентите .

Треба да знаете
Последни објави