Search

Сообраќајот со умерен интензитет по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини, соопшти АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави