Search

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони, соопштија од ЈП Македонија пат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, стои во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Треба да знаете
Последни објави