Search

Сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, загина еден човек и 44 се повредени

Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, денеска загина еден човек и 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба.

Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.

Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на Филксбус, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.

Треба да знаете
Последни објави