Search

Сообраќајна несреќа кај Ново Село на патот Охрид – Кичево

 Тешка сообраќајна несреќа пред околу еден час се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди” со кавадаречки регистерски таблички, а на самото место се наоѓаат екипи на СВР – Охрид, на Територијалната противпожарна служба и на Службата за итна медицинска помош.

Моментално сообраќајот на патниот правец е во прекин, барем додека не се укаже помош на повредените во несреќата. Две лица веќе се на пат кон бочлница. Нема информации дали во несреќата има смртно настрадани.

Треба да знаете
Последни објави