Search

Сообраќајка во скопско Бутел

На 10.01.2019 годинa во 18.45 часот на улица „Бутелска” во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Туарег” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9″ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено”. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” – Скопје каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави