Search

Сообраќаен режим утре и задутре на улица Александар Урдаревски во Бутел

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населено место Кучевишка бара кон обиколница во должина од 300метри деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.


Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 12.04.2023 година (среда) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во (четврток) на 13.04.2023 година во истиот временски период на другата спротивна насока.


ЈП Улици и патишта Скопје  апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави