Search

„Сончогледите“ на Ван Гог повеќе нема да го напуштаат Амстердам

Сликата „Сончогледи“, стара 130 години, која е едно од најпознатите дела на Винсент ван Гог, поради опасност од оштетување повеќе нема да оди на светски изложби и во иднина ќе остане Амстердам. Ваква одлука донесоа експерите, по шестнеделната мини реставрација на сликата, насликана од холандскиот мајстор во јужна Франција во 1889.

„Основата и слоевите на боите се стабилни, но се чувствителни на вибрации и промени на влажноста и температурата во воздухот. Затоа е исклучително важно за сликата да се поместува што е можно помалку и да биде поставена во стабилна средина“, изјави директорот на Музејот Ван Гог, Аксел Ругер.

За време на реставрацијата, експертите откриле точно кои материјали ги користел Ван Гог. Тие се повеќе се уверени дека Ван Гог го насликал делото во јануари 1889, на првична верзија на „Сончогледи“ која била нацртана летото 1888, а која денес е изложена во Националната галерија во Лондон. Сликата „Сончогледите“ ќе биде повторно изложена во музеј на 22 февруари, но под послабо осветлување.

Треба да знаете
Последни објави