Search

Сончево, студено и ветровито

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен по должина на Повардарието и на исток. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег. Минималните температури ќе се движат од -10 до 0, а максималните од -4 до 4 степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од -6 до -1 степени.

Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. До петок ќе преовладува стабилно време, а за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.

Треба да знаете
Последни објави