Search

Сончево со умерена облачност

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната температура од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и потопло.  Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 17 степени.

Во понеделник во поголем дел од земјава ќе биде суво и посончево со повисоки дневни температури. Од понеделник попладне одново следува период на претежно облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег, дури и на некои пониски места.

Треба да знаете
Последни објави