Search

Сончево со температура до 37 степени

Времето во Македонија  ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти помеѓу 9 и 18, а дневната ќе достигне од 30 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.

Треба да знаете
Последни објави