Search

Сончево со мала облачност, температурата до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Како што најавува Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамки на просечните за овој период од годината.

Треба да знаете
Последни објави