Search

Сончево со мала облачност, попладне на планините дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Од утре претпладне и во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер и тогаш температурите повторно ќе бидат пониски (за три до пет степени). Од понеделник следува период на постабилно веме со постепен пораст на температурата.

Треба да знаете
Последни објави