Search

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 32 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.

– Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР.

Треба да знаете
Последни објави