Search

Сончево и топло со свежо утро и магла

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со свежо утро и магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 13 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има услови за слаба магла, а преку ден ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе достигне со 9 степен, а дневната до 28 степени.

Периодот на сончево време со натпросечни дневни температури продолжува и во следниот период. Ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а постепено ќе опаѓаат и утринските температури.

Треба да знаете
Последни објави