Search

Сончево и топло до 29 степени

Во Македонија во саботата ќе преовалдува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 20 и29 Целзиусовис тепени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 28 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на сончево и топло време со појава на повремена умерена облачност.

Во недела на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Промена на времето со локални врнежи од дожд се очекува кон средината на следната седмица.

Треба да знаете
Последни објави