Search

Сончево и свежо со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и свежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Маврово утре  се прогнозира најниска утринска температура (нула), до највисоки девет степени во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од 18 до 22 степена.

Во Скопје температурата утре ќе биде од 3 до 18 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во четврток и петок најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).

Од недела ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.

Треба да знаете
Последни објави