Search

Сончево време со температура до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 22 до 31 степен.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи до 28 степени.

И во следните денови продолжува променливото и посвежо време. Од УХМР најавуваат дека најоблачно и најсвежо со повремен дожд ќе биде во вторник, кога во западните и јужните делови од земјава ќе има и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи.

Потоа дневната температура ќе биде во пораст, а кон крајот на неделата во попладневните часови повторно ќе има локални врнежи и грмежи.

Треба да знаете
Последни објави