Search

Сомалија: Парламентот ја отфрли иницијативата за импичмент на претседателот

Барањето за импичмент доставено во неделата од страна на неколку Сомалиски пратеници против претседателот Мохамед Абдулахи Фармајо беше отфрлено поради недоволната поддршка во парламентот.

Спикерот на парламентот објави соопштение во кое се вели дека 14 пратеници се повлекле од списокот од 92 имиња на пратеници кои првично го поддржаа овој потег, што значи дека нема доволно потписи за започнување на процесот за импичмент.

Четиринаесетте пратеници изјавија дека нивните имиња биле погрешно искористени и дека тие не ја поддржувале оваа иницијатива.

Поддржувачите на иницијативата го обвинија претседателот за пркршување на уставот поради како што тврдат потпишување на тајни договори со Етиопија и Еритреја, како и еднострано поставување на судии и воени командири.

Треба да знаете
Последни објави