Search

Солју: Околу 100.000 Сиријци од јули го напуштиле Истанбул

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска изјави дека околу 100.000 Сиријци кои живеат без одобрение во Истанбул од почетокот на јули го напуштиле градот, кога владата им даде рок на Сиријците кои не се регистрирани да заминат во другите делови на земјата.

Турските власти соопштија дека Сиријците кои не се регистрирани во најголемиот турски град треба до 30 октомври да се вратат во покраините во кои претходно биле регистрирани или ќе бидат соочени со принудно преселување, пренесуваат британските медиуми.

Во Турција се наоѓаат околу 3,6 милиони бегалци од Сирија, повеќе отколку во било која друга земја.

Сириските државјани во Истанбул, градот во кој живеат околу 15 милиони лица, се зголемија за повеќе од половина милион.

-Околу 100.000 Сирицји од 12 јули се вратија во покраините во кои биле регистрирани, рече Сојлу и додаде дека вкупно 200.000 мигранти досега го имаат напуштено Истанбул.

Треба да знаете
Последни објави