Search

Солскјер: Тешко е да се запре Меси, но не е невозможно

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер прокоментира дека е тешко да се запре ѕвездата на Барселона, Лео Меси, но сепак мисијата не е невозможна.

„Црвените ѓаволи” и каталонците ќе се соочат утре, 10 април на Театарот на соништата во средба од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Меси е фантастичен. Тој влезе во историјата како еден од најдобрите фудбалери. Тешко е да се запре, но тоа не е невозможно. И сепак не зборуваме само за Меси против Јунајтед, туку за Меси, Кутињо, Суарез и Видал. Меси е еден од најдобрите во светот. Оваа сезона игравме со Кристијано, Мбапе, Азар. Ќе видиме што ќе правиме утре, изјави Солскјер на редовниот прес пред дуелот во ЛШ.

Во однос на тоа дали ова енеговиот најважен дуел откако е на чело на Јунајтед, Норвежанецот вели дека за него секој натпревар е важен.

– Секој следен меч е најважен. Против Барселона мораме да бидеме на највисоко ниво бидејќи тоа е клуб со историја, квалитети, индивидуали и одлични играчи, смета Солскјер.

Тој додаде дека се надева дека Немања Матиќ ќе биде фит за натпреварот, но дека Ерера сигурно ќе биде аут од групата.

Треба да знаете
Последни објави