Search

Солскјер: Погба останува во Манчестер јунајтед

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не очекува играчот од средниот ред Пол Погба да си замине од „Олд трафорд”.

-Вие новинарите постојано поставувате прашања за иднината на Погба. Нема ниту една прес-конференција на која јас не одговарам на прашања за него. Погба во 80 отсто од одговорите на новинарите вели дека ужива во времето поминато во тимот. Не сум загрижен за Погба. Мислам дека тој ќе остане во клубот, изјави Солскјер.

Минатата година 26-годишниот Французин одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед и постигна 16 голови. Договорот на Погба со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година. На фудбалскиот пазар вредноста на евентуалниот трансфер на францускиот репрезентативец се проценува на 100 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави