Search

Солскјер: Ливерпул може да освои „требл” сезонава, но не е меѓу најдобрите тимови во историјата

– Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека сегашниот состав на Ливерпул не е најдобар во историјата на Премиер лигата.

Норвежанецот коментираше за вечниот непријател пред дербито меѓу „црвените ѓаволи” и тимот од Мерсисајд.

Според Солскјер, тимот на Манчестер Јунајтед предводен од Сер Алекс Фергусон е најдобар во историјата на англиската елита.

Ливерпул е на пат да ја освои првата титула во земјата од 1990 година. „Црвените” се 13 бода пред Манчестер Сити, а денес може да ја зголемат својата предност ако победат против другиот тим од Манчестер.

Солскјер, кој има освоено 6 титули во ПЛ и Лигата на шампионите, сепак смета дека е потребен долгорочен успех за тимот на Јирген Клоп да биде меѓу најдобрите.

– Ако гледате на долг рок, најдобрите тимови се оние што го прават тоа повторно и повторно. Никој не може да се спореди со Сер Алекс во овој поглед, но јас ќе бидам првиот што ќе кажам дека Јирген Клоп прави одлична работа во Ливерпул. Во моментот изгледа како да знае што ќе извлече од натпреварот секој пат, кога ќе излезе составот на терено, и покрај тоа што сè уште сме во средина на сезоната и има уште многу натпревари. Гледајќи го Ливерпул во моментов, тие имаат 33 победи и 5 реми од нивните последни 38 натпревари во лигата. Ова се вкупно 104 поени. Тие се справуваат одлично и постои можност дури да освојат „требл”, но ќе видиме во каква состојба ќе биде екипата во мај. Пред нив имаат неколку тешки средби, рече Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави