Search

Солскјер: Жалам за оние што шират омраза преку социјалните мрежи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за расистички навреди упатени кон играчот од средниот ред Пол Погба.

– Пол има силен карактер. И тоа што се случи ќе го направи посилен. Зборував со него – тој е добар. Но, не можам да верувам дека во 2019 година сè уште зборуваме за овие работи. Како што рече Магуајр, Твитер и социјалните мрежи се место каде што луѓето можат да се кријат. И не можам тоа да го сменам. Има толку многу Солскјер на Твитер, и знам дека не сум јас. Ние мора да направиме нешто против оние кои ја шират оваа омраза. Жал ми е за овие луѓе – тие имаат големи проблеми, изјави норвешкиот стручњак.

Пол Погба беше изложен на навреди преку социјалните мрежи по натпреварот со Вулверхемптон (1:1). Французинот не реализира пенал и пропушти да му донесе победа на неговиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави