Search

Солскјер доби тешка задача: Барселона против Јунајтед во четвртфиналето на ЛШ

Денешната ждрепка за четвртфиналето од Лигата на шампионите ни понуди неколку интересни дуели, а за првпат во историјата на ова натпреварување истовремено беа извлечени и полуфиналните дуели.

 

Оле Гунар Солскјер ужива во одличниот период откако седна на клупата на Манчестер Јунајтед, но сега го доби најтешкиот противник од почетокот на сезоната – Лионел Меси и неговата Барселона.

Со сигурност ќе гледаме барем еден англиски тим во полуфиналето, бидејќи Тотенхем го доби за противник тимот на Манчестер Сити. Четвртиот англиски тим во ЛШ, Ливерпул, го доби за противник португалското изненадување Порто – тим кој „покажа заби“ уште во групната фаза, а добрата форма ја потврди и во осминафиналниот двомеч против Рома.

Тимот на Ајакс никако да се тргне од сенката на Кристијано Роналдо – најпрво за противник во осминафиналето го доби неговиот поранешен тим Реал Мадрид, а сега самиот Роналдо со Јувентус ќе биде противник на холандскиот гигант во четвртфиналето.

Шемата за полуфиналните дуели од Лигата на шампионите:

Барселона/Манчестер Јунајтед – Ливерпул/Порто

Тотенхем/Манчестер Сити – Ајакс/Јувентус

Треба да знаете
Последни објави