Search

Солскјер: Ангажирањето на Фернандеш се покажа како полн погодок за Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед го растури белгискиот Бриж на „Олд Трафорд“  (5:0) во реванш-натпреварот од шеснаесетфиналето во Лигата на Европа, и се пласира во осминафиналето со вкупен резултат (6:1). Тренерот на „црвените ѓаволи“ норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер не го криеш задоволството од играта и постигнатиот резултат на своите избраници.

-Многу сум среќен. Кога постигнувате голови и играте како што поскаувате, имате и дополнителна самодоверба, изјави тренерот на Манчестер јунајтед.

На овој меч одличен впечаток остави и новакот во тимот од „Олд Трафорд“ Бруно Фернандеш кој пристигна зимово од португалскиот Спортинг. Фернадеш се наметна како лидер на тимот. Се запиша во листата на стрелците и во убедливиот тирумф учествуваше и со правовремени асистенции за своите соиграчи кои ја тресеа мрежата на гостинот од Белгија.

-Бруно е подготвен. Тој е во добра форма. Чувствувавме дека тој е она што ни требаше и излегува дека е полн погодок – вели Солскјер.

 

Треба да знаете
Последни објави