Search

Солидарност на дело – пристигнаа 60 респиратори дониранои од НАТО како поддршка на македонскиот здравствен систем

Членството во НАТО освен што ја гарантира безбедноста стабилноста и неповредливоста на границите, обезбедува и сериозна помош во време на сериозна светска здравствена и економска криза.
Република Северна Македонија вчера доби донација од 60 респиратори како поддршка од НАТО во справувањето со последиците од коронавирусот.
Станува збор за средства во износ од над 1,4 милиони евра што се донирани од страна на УСАИД и се дел од НАТО залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија, а пристигнаа со авион со италијанското воздухопловство што беше финансиран од страна на Луксембург.
Ова е солидарност на дело – неколку земји  членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да добиеме помош кога ни е најпотребна. Ова е уште еден во низата докази зошто беше важно да станеме дел од овој воено-безбедносен сојуз.
Во време на есенскиот бран на коронавирусот ова е значајна поддршка за нашиот здравствен систем.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.
Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина.

 

Треба да знаете
Последни објави