Search

Солза Грчева: Наредната влада ќе го поништи договорот за името

Во пресрет на последното гласање за уставните промени, партијата на Солза Грчева, „Глас за Македонија“ порача дека наредната влада ќе го поништи преспанскиот договор.

„Договор кој се заснова на кршење на волјата на мнозинскиот народ, прекршување на постојниот устав, на уценети пратеници, на селективна и наменска, противуставна амнестија, на ослободени криминалци, на насилство без преседан на правната држава, секоја наредна влада ќе има не само право, туку и должност да го поништи“, вели партијата на Грчева, преку соопштение.

Оттаму им порачуваат на пратениците добро да размислат за последиците кои би резултирале со големи поделби кај македонскиот народ и да размислат дека нема цена за губењето на идентитетот.

„Да не се осмелат да ги поништат нашите стекнати права, нашето право на самоопределување. Дали не се свесни дека ја отвораат вратата и за федерализација на државата со постојаните барања на некои албански партии и со променетата преамбула?
Одговорноста е на нивни плеќи, на оние кои не ја почитуваа јасната волја на народот на последниот референдум. Последен момент е да не подлегнат на уцени, ветувања, и јавната полза да ја стават пред сопствената. Ќе се посрамотат за вечност, а договорот ќе биде поништен“, се вели во соопштението на партијата на Грчева.

Треба да знаете
Последни објави