Search

Совет на ЕУ: БиХ во моментов не ги исполнува политичките критериуми

Советот на Европската унија ги усвои заклучоците за Мислењето на Комисијата за барањето на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ, посочувајќи дека земјата засега не ги исполнува политичките критериуми, пренесоа денеска босанските медиуми.

Во своите заклучоци, Советот на ЕУ апелира на извршните и законодавните тела на сите нивоа на власта да почнат да ги решаваат клучните приоритети идентификувани во Мислењето на Комисијата, издадено на 29 мај.

„Советот го поздравува Мислењето на Европската комисија за барањето на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ. Советот е известен дека Босна и Херцеговина во моментов не ги исполнува политичките критериуми од Копенхаген во доволна мера и оти треба да се вложат значајни напори во јакнење на своите институции со цел гаранција на демократијата, владеење на правото, човековите права и почитување и заштита на малцинствата”, се наведува во заклучоците.

. Што се однесува на економските критериуми, БиХ постигнала одреден степен на макроекономска стабилност, но воспоставувањето на функционална пазарна економија и постигнување конкуретност на заедничкиот пазар сè уште е во рана фаза. БиХ треба да ги унапреди своите резултати во спроведувањето на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. БиХ е општо во рана фаза кога е во прашање нејзината подготвеност за преземање на обврските за членство во ЕУ и треба значително да го унапреди процесот на усогласување со правото на ЕУ и примена и спроведување на соодветното законодавство.

Треба да знаете
Последни објави