Search

Совет на град Скопје одржува 40 седница

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки и програми за работата на Градот Скопје. На денешната седница Советот ќе расправа по Предлог-oдлуките: за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Град Скопје за 2019 година; за давање на користење на недвижен имот-деловен објект на ЈУ Музеј на град Скопје – Скопје; за ослободување од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за изградба на детска градинка; за давање согласност на Одлуката за измена на Инвестиционата програма на ЈП Водовод и канализација-Скопје, за 2019 година; за давање согласност за преземање  вработен; за разрешување и именување  член на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје; за разрешување и именување  член на Управниот одбор на ЈП Градски паркинг – Скопје; за разрешување и именување член на Надзорниот одбор на ЈУ Младински културен центар -Скопје, Република Северна Македонија; за разрешување и именување претставник на Градот Скопје во  Училишниот одбор на СУГС “Михајло Пупин“- Скопје; за разрешување и именување претставник на Градот Скопје во  Училишниот одбор на СУГС “Шаип Јусуф“- Скопје; за предлагање претставник на Градот Скопје во Управниот одбор на ЈУ за деца Детска градинка  “Фидани“- Општина Чаир,Скопје; и за планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 година

Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат и за Предлог- одлуките: за давање согласност на Планот за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување на Град Скопје, за 2019 година; за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈСП Скопје-Скопје, за 2020 година; за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП Комунална хигиена-Скопје, за 2020 година; за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП Улици и патишта-Скопје, за 2020 година; за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈУ Музеј на Град Скопје-Скопје, за 2020 година;

за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈУ Културен информативен центар-Скопје, за 2020 година; за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈП Водовод и кнализација-Скопје за период од 01.01. – 30.06.2019 година;

Советниците на Град Скопје на денешната седница,  исто така,  ќе расправаат и за Годишните извештаи за работа на средните училишта и ученичките домови на Град Скопје за учебната 2018/2019 година, како и за Програмите за работа на средните училишта и ученичките домови на Градот Скопје за 2019/2020 година.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави